„Исвиркувањето на бугарската химна пред фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Бугарија и Северна Македонија во Скопје, како и условната казна на пејачот Ламбе Алабаковски, кој го запали бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола, откриваат проблем со правата на Бугарите во С. Македонија“ смета бугарскиот министер за надворешни работи – Николај Милков.
Според него, „двете дела се манифестација од омраза, кои всушност со начинот на кој се третираат и немањето соодветна казна испраќаат порака“.
„Не би рекол дека пораката е позитивна. Треба да обрнеме внимание, дека овој спортски јазик што се користеше за време на натпреварот го користат и политичарите, што создава општа слика. Ова е слика на обиди за еродирање на постигнатите договори, благодарение на кои Република Северна Македонија почна да ја отвора можноста за почеток на преговори за членство во Европската Унија“ – рече Милков, пренесуваат бугарските медиуми.