
„Постои ескалација и зголемување на тензијата со Северна Македонија. Во последните месеци бевме сведоци на разни дејствија кои се непријателски и неконзистентни со меѓусебното разбирање и темелот на догорот“.
Ова во студиото на емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.
„Се надевам дека ќе се вразумат во однос на фактот дека треба да размислуваат за европската перспектива. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на „францускиот предлог“. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес“ – прецизираше Милков.