Милијардер ќе подари 99% од своето богатство

Вториот најбогат крипто-милијардер во светот – Сем Бенкмен Фрид  кој е и 60-тиот најбогат човек според последната листа на „Forbes“ планира 99% од богатството, проценето на 24 милијарди долари, да го подари.

Тој вели дека за себе ќе задржи „доволно пари за да живее удобно“ или околу 100.000 долари годишно.

Сем живее на Бахами каде планира да изгради комплекс со поглед на океанот, во кој ќе работат 1.000 луѓе вработени во неговата берза на криптовалути „FTX“.

И покрај тоа што води крипто берза вредна неколку милијарди долари, овој 30-годишник вози Тојота корола, живее како студент и има за цел да заработи што повеќе пари за да има што повеќе за подарување.

Неговите пријатели велат дека е толку посветен на работата што со денови заборава да се избања, спиењето го смета за непотребен луксуз, а не се грижи многу ни за зближување со луѓе, бидејќи го смета тоа за губење време.

Минатата година донира 50 милиони долари за помош во борбата против корона во Индија, како и за борба против глобалното затоплување.