Милионски пенали за „Бехтел и Енка“ ако не се озаконат 60 часа работна недела

Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридор 8 и коридор 10д ќе поскапи за 53 милиони евра доколку Собранието не ги донесе законските измени со кои ќе се овозможи работниците што ќе работат на автопатите да бидат работно ангажирани 60 часа во неделата. Според договорот што го потпишала Владата неисполнувањето на таа обврска ќе значи продолжување на рокот на работите за најмалку 6 месеци. Ова ќе доведе и до повисока сума на сметка на државата.

Ова е ставот на потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој вели дека доколку во рок од 45 дена од потпишувањето од договорот Владата не ги донесе законските измени ќе мора да плаќа пенали по три основи.

„Прво, државата еднократно ќе ѝ исплати на ‘Бехтел’ 53 милиони евра пенали. Понатаму, секој месец ќе доплаќа по дополнителни 1.265.000 евра на веќе постојните трошоци коишто треба да се платат во договорот. На ова дополнително ќе треба да се платат уште 900.000 евра секој месец“ смета Николоски.

Николоски посочи дека имал увид во договорот.