По шест години денеска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, излегува на слобода. Информацијата ја потврдија и од затворот. Јанакиески издржуваше затворска казна од три години и шест месеци за случајот „Титаник“.
Јанакиески во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколку пати беше во притвор и куќен притвор. Во јули минатата година беше прво во Идризово, а потоа во Шутка.
Јанакиески доби условен отпус со одлука донесена од Апелацискиот суд Скопје.
Од формирањето на СЈО, Јанакиески кривично беше гонет за неколку судски случаи.
На поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески, незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите „27 април“ и „Шпански скали“, пресуди минатата година Европскиот суд за човекови права.
Ексминистерот претрпел штета поради притворите и државата треба да му плати отштета од 3.900 евра, пресуди Европскиот суд за човекови права.