Милер: Постои можност да се преселам во МЛС лигата

Легендарниот напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, изјави денеска дека би можел да ја продолжи кариерата во клуб од американската МЛС лига.

Легендарниот напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, изјави денеска дека би можел да ја продолжи кариерата во клуб од американската МЛС лига.

„Да, постои таква можност, но морам да размислам за тоа. Во моментов сум целосно фокусиран на Светското клупско првенство. Можеби има некои преговори, но главната работа сега е турнирот“, изјави Милер.

Триесетипетгодишниот Милер, кој е дел од Баерн од 2009 година, претходно објави дека заминува од клубот на крајот од тековната сезона.

„Не брзам, не сум под стрес кога донесувам одлуки“, рече Милер, кој е рекордер на Баерн според бројот на одиграни натпревари за клубот.