Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека одлуката на Израел за прогласување на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за „персона нон грата“ не е продуктивна.
– Таквите чекори не се продуктивни за подобрување на положбата на Израел во светот. ОН извршуваат исклучително важна работа во Појасот Газа. ОН имаат исклучително важна работа во целиот регион. Кога ОН дејствува на најдобар начин, тоа може да биде многу важно за безбедноста о стабилноста, истакна Мулер.
Шефот на израелската дипломатија Израел Кац вчера изјави дека му е забранет влез на Гутереш во Израел бидејќи „недвосмислено“ не го осудил иранскиот ракетен.
– Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва. Бидејќи не зборуваше против Иран, Гутереш е „непожелна личност, истакна Кац.
Гутереш по иранскиот напад врз Израел го осуди го осуди конфликтот што ескалира на Блиски Исток.