Милевски: Освоивме голем бод против фаворитот Белгија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите впечатоци по синоќешното реми со Белгија.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите впечатоци по синоќешното реми со Белгија.

Натпреварот во Гент заврши нерешено 0:0, со освоениот бод, нашата репрезентација го задржа првото место на табелата во пресрет на последните два натпревари од квалификацискиот циклус за Светското првенство 2026.

– Можам да бидам задоволен од играта во одбрана, но не и во организација на играта. Извлековме максимум од овој натпревар, иако планот беше да имаме поголем посед, да играме и кон напред. Секако дека и противникот влијаеше на нашата игра. Белгијците имаат одлични играчи во средниот ред. Најважно е дека вечерва го имавме тој „фактор икс“. Да издржиме до крај и кога се браниме, да покажеме карактер. Среќни сме, останавме на првото место и сега треба да се фокусираме на следниот меч, изјави Милевски.

Македонската репрезентација в понеделник (13 октомври) ќе го пречека Казахстан во Скопје.