Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, го анализира завршениот квалификациски циклус за Европското првенство. Крајот беше одличен за „рисовите“ бидејќи ремизираа против Англија на Арената „Тодор Проески“.
На средбата со седмата сила по натпреварот, предводникот кој е на истек на договорот даде свое видување за циклусот, но и времето за кое е на селекторското столче.
„Овие две години и три месеци не само што напредуваме, туку и подмладуваме. Дојдовме до зенит за само 7-8 месеци и баражите против Италија и Португалалија. Ни следеше група која не можеше да биде потешка. Вклучивме многу млади момци кои покажаа како се бори за македонскиот дрес. Да се спротиставиш на Англија, Италија и Украина на ваков не можам да не бидам незадоволен. Не сум незадоволен и од натпреварот во Рим пред неколку дена. Ни следи доста работа, сериозна работа за да дојдеме во сутиација да бидеме поконкурентни на ниво на кое јас сакам да бидеме. Далеку сме од Англија и Италија, не би рекол и од Украина, бидејќи одигравме два одлични натпревари против нив и жалам што не освоивме барем три бода. Имаме план и имаме цел. Не можеме да не сметаме на овие млади фудбалери кои гледаме дека покажуваат квалитет и карактер. Ни недостигаат уште 2-3 поискусни фудбалери кои ќе го комплетираат ростерот за во иднина“, прокоментира Милевски за циклусот.
Македонија ја заврши квалификациската група на претпоследното место со осум освоени бода. Двапати ја победивме Малта, меѓутоа во Скопје одигравме по 1-1 со Италија и сега со Англија.