Мила Кунис и Ештон Качер собраа 20 милиони долари за бегалците од Украина

Актерката Мила Кунис, родена во Украина, и нејзиниот сопруг Ештон Качер, се во хуманитарна мисија.

Тие со голема гордост објавија што до сега постигнале, а ќе одат и понатаму до уште повеќе средства за донации за семејствата од Украина:

„Собравме над 20 милиони долари за помалку од една недела!“, објаснува актерот.

„Нашата цел се 30 милиони долари и ќе стигнеме до таму“, рече Качер.

Тој се заблагодарува на 56.000 луѓе кои ја поддржале иницијативата што ја започнаа двете ѕвезди.

„Без разлика дали ќе донирате 5, 10 или 1.000 долари, тоа многу ни значи“, вели тој.

Мила Кунис, неговата сопруга, е родена во Украина, се преселила во САД во 1991 година кога имала осум години.

Качер и Кунис ја отворија хуманитарната донација на GoFundMe минатиот четврток, споделувајќи за таа прилика видео снимено од глумицата, објавено на нејзиниот Инстаграм профил.

https://www.instagram.com/tv/Ca7s_XhJy7G/?utm_source=ig_web_copy_link