
Милатовиќ бара меѓународна помош за гаснење на пожарите во Црна Гора
Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ ги повика надлежните институции да побараат меѓународна помош за справување со големите шумски пожари што ја зафатија земјата
Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ ги повика надлежните институции да побараат меѓународна помош за справување со големите шумски пожари што ја зафатија земјата, јави црногорската новинска агенција МИНА.
„Од Луштица, преку Ловќен и Чемовско поле, до Кучи и Братоножиќи, Пива и Дурмитор – нашите пожарникари и припадниците на Армијата на Црна Гора вложуваат натчовечки напори за да ги изгаснат пожарите“, напиша Милатовиќ на социјалната мрежа „Икс“.
Тој нагласи дека силниот ветер значително ги отежнува акциите за гаснење, а воздушната поддршка што беше најавена од Владата сè уште не е обезбедена.
„Ги повикувам надлежните институции да побараат меѓународна помош – преку механизмите на ЕУ и преку билатерална соработка. Нашите луѓе на теренот ја заслужуваат таа поддршка“, порача претседателот.