![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/04/милан-2-800x491-1-750x430.jpg)
Милан и Реал со водство ќе патуваат во реваншите од ЛШ против Наполи односно Челси.
Милан и Наполи одиграа возбудливо полувреме со многу шанси на двете страни, а со предност на одмор заминаа „росонерите“.
Во првите 15 минути Наполи беше подобриот тим, но Милан дојде до водство во 40-та минута со голот на Бенасер. Во последната минута Кјаер ја погоди стативата.
Одлична шанса за гол имаше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, но неговиот удар под пречката го сопре голманот на Милан, Мајк Мењан.
Во вториот дел Милан добро ја контролираше играта, а од 75-та минута имаше и играч повеќе после исклучувањето на Ангуиса. Сепак „росонерите“ не успеаја да постигнат уште еден гол и со минимална предност ќе патуваат во Неапол.
Реал Мадрид има сигурна предност од 2:0 после првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“.
„Кралевите“ дојдоа во водство со голот на Бензема во 22-та минута по асистенција на Винисиус.
Бен Чилвел во 59-та минута откако го повлече Родриго за рака, па му ја олесна работата на Реал Мадрид, доби црвен картон.
Марко Асенсио во 74-та минута, повторно по асистенција на Винисиус зголеми на конечни 2:0.