
Милан бара од 15 до 18 милиони евра за Мората
Мората е на позајмица во турскиот шампион Галатасарај до јануари 2026 година.
Италијанскиот фудбалски гигант Милан одреди цена за својот напаѓач Алваро Мората, а заинтересираните клубови ќе мора да платат помеѓу 15 и 18 милиони евра за неговите услуги, објавија денеска италијанските медиуми.
Милан ја одреди цената по шпекулациите дека Комо е заинтересиран за Мората.
Мората е на позајмица во турскиот шампион Галатасарај до јануари 2026 година.
Медиумите наведуваат дека Милан ќесе обиде да го ангажира Мојзе Кин од Фиорентина и оти откупната клаузула која ќе се активира на 1 јули изнесува 52 милиони евра.
Манчестер Јунајтед, исто така, е заинтересиран за напаѓачот на Фиорентина.
Изминатата сезона Кин ја заврши на второто место на листата на стрелци о 19 голови.