Милановиќ: На Србија треба да и се понуди јасна перспектива за да биде стабилна
„Западот треба да и понуди на Србија јасна западна перспектива и тоа би била можност што не треба да се пропушти, но на нив е да одлучат“. Ова денеска го изјави во Брисел хрватскиот претседател – Зоран Милановиќ.
Тој рече дека на самитот се фокусирале на Западен Балкан, Босна и Херцеговина како загрозена земја, потоа Молдавија и Грузија, но никој не ги спомнал Србија и Косово.
„Србија има избори за неколку дена и имам впечаток дека долго време е во криза на идентитетот и дека тешко и да разбере дека за Русија е само фуснота. За нас, за НАТО и ЕУ е важно, бидејќи Србија преговара за членство во ЕУ, а на НАТО е партнер, исто како БиХ, да биде стабилна земја со јасна западна перспектива, во оваа ситуација тоа малку појасно да и се понуди, па ако разберат, разберат, а ако не разберат, не разберат, но ова е секако можност што не треба да се пропушти и на крајот сами ќе одлучат, изјави Милановиќ.
Хрватскиот претседател додаде дека е време четирите членки на НАТО кои сè уште не го признале Косово тоа да го сторат и дека „Косово треба конечно да се интегрира, да стане целосна држава“.