Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска во Загреб изјави за обвиненијата од Србија против хрватските пилоти.
„Станува збор за угнетување и терор врз хрватските команданти“ – нагласи претседателот и продолжи: „Начинот на кој Србија се однесува е нејасен. Не знам што сакаат, но нема да влезат во Европската унија на овој начин“.
„Бесмислена е целата приказна и оваа иницијатива Брдо-Бриони, по која преку белградски и сараевски медиуми слушнав дека наводно сум кажал нешто за Сребреница. Одвратно е и не ни треба на мене и на Хрватска. Нема да му помогнам на некој што не сака да си помогне себеси“, рече Милановиќ.
Потоа го нападна српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Оваа приказна дека нема да глумиме, ако некој ја пцуе мајка ти повеќе пати не можеш да глумиш или да реагираш. Се труди да биде убаво. Таа приказна со децата стана неподносливо саркастична. Никогаш не сум спомнал хрватски деца и имаме тоа. Како некој да убива српски деца од авион, и да е вистина, каква врска има со децата, каде е војската, тенковите. Има низа прашања кои Србија нема право да ги поставува. Такви луѓе нема да влезат во ЕУ додека сум жив. Со Белград се однесуваме џентлменски во процесот на европска интеграција. Доста е“ – заклучи хрватскиот претседател.