Милановиќ: „Израел не е наш пријател“

Од седниците на Советот за национална безбедност и Советот за одбрана, предложени од премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, не треба да се очекуваат промени во ставовите на државниот врв за Израел, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

„Не очекувајте никакви тектонски поместувања и промени во ставовите. Ако некој смета дека Израел е наш сојузник и пријател, му нема помош“, им рече Милановиќ на новинарите, оценувајќи дека разговорите на оваа тема меѓу „сериозни луѓе“ се губење време.

Тој нагласи дека останува непоколеблив во својот став, како и во убедувањето дека Хрватска требало да ја признае Палестина.

Милановиќ веќе на крајот на февруари изјави дека Израел води „ѕверска политика“ и дека не може да биде сигурен партнер на Хрватска, при што ја критикуваше и посетата на министерот за одбрана Иван Анушиќ на таа земја.

Во меѓувреме, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го обвини Милановиќ за антисемитизам, откако хрватскиот претседател ги критикуваше постапките на израелскиот амбасадор во Хрватска, Гари Корен.

Корен на почетокот на март бил повикан на разговор во претседателската резиденција, каде бил предупреден за, како што е наведено, „неприфатливи и штетни“ изјави кои ја вознемируваат јавноста и ѝ нанесуваат штета на Хрватска.