Милановиќ за писмото од Борел: Европа не третира како 13-то прасе
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Вараждин повторно зборуваше за потребата од набавка на оружје за потребите на вооружените сили, најави дека лично ќе објави навредливо писмо од шефот на европската дипломатија Жосеп Борел и посочи дека Хрватска е „губитник“ затоа што Европската унија ги третира како „13-то прасе“.
За купувањето оружје, рече тој, одлучува тој со трезорот и додаде дека за ова го предупредувал премиерот Андреј Пленковиќ уште од минатата година и дека, како што рече, око не трепнал и не одговорил.
Затоа го нарече премиерот Пленковиќ одговорен за состојбите во хрватската армија, а за министерот за одбрана Марио Баножиќ рече дека тој е „слуга на премиерот“ кој не одлучува за ништо.