
Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во денешното свое гостување во емисија на Алфа тв зборуваше за пораките на владините функционери кои се однесуваа на Уставните измени и иселувањето и укажа дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени е јасен,прецизен и ќе биде доследен.
А пак во врска со иселувањето порача дека за тоа е одговорна власта, бидејќи институциите се во нивни раце.
-Пораките на владините функционери беа насочени кон Уставните измени кои што нема да се случат. Значи година дена и повеќе измина она што тие го замислија и она кое тие го планирале нема да се оствари. ВМРО-ДПМНЕ е јасно по ова прашање. Меѓутоа мене повеќе ме интригира моментот што и претседателот на државата и премиерот се повикуваат на прашања што ги поставуваа кога беше СДСМ во опозиција, иселување на младите. Се сеќавате дека редеа кондури пред Собрание, пред влада и тоа така помина, и сега 7 години подоцна бројот на млади иселени од државата е 700 000, а тиа како критикуваат од страна, па тие се централна власт, тие ги диктираат условите и тие ги раководат институциите, тие би требало да одговараат на прашањата за иселување, кога веќе го зголемија иселувањето, мислам дека не треба да се обидуваат да ја префрлаат вината на било кој, бидејќи одвишок е никој не го купува тоа како информација, никој не им верува понатаму. Интересно е што се осврнуваат како да се во опозиција на говори сметајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори на нивните тригери на некој поинаков начин. Нашиот став за уставите измени е јасен, прецизен , концизен и ќе биде доследен – потенцираше Мизрахи.