„Со почеток на ковид кризата, се промени начинот на размислување на луѓето. Сакаат да купуваат паметни телефони, таблети, од јануари 2020 година ние се соочуваме со проблеми. Ние кои произведуваме напредна технологија, сме погодени поради падот на продажба на автомобили. Она што беше проблем на немање доволно репроматеријали, со зголемување на цена на енергенси и војната во Украина, проблемот во нашата индустрија останува и се продлабочува. Прашање е дали луѓето ќе се подготвени да купуваат возила“ вели Виктор Мизо – извршен директор на „Костал“.
Тој вели „надминавме над 1.000 луѓе, се проширивме, имаме план, ќе имаме извоз од над 100 милиони евра, ама планот беше над 25% повеќе. Се она што беше ангажирано во нови инвестиции, треба како компанија да го надминеме. Се уште немаме проблем од квантитет на работна сила, но луѓе кои работеле како келнери, сега треба да произведуваат технологија, на роботи, да се дообучуваат, преквалификуваат. Освен Македонија, нема ниедна земја во Европа во која индустријата е концентрирана во главниот град“.
„Корупцијата не е присутна кај странските инвеститори, ниедна компанија досега не посочила дека има таков проблем. Овие мултинационални компании кои почнаа да доаѓаат пред 15 години, не сметам дека би влегле во корупциски процеси за да имаат проблеми кои ќе им наштетат“ вели Мизо.
Тој во врска со високите сметки за струја смета дека „треба да има зголемено производство на струја. Дел од компаниите инсталираат фотоволтаици, но тука има проблеми со регулативата“.