Мизо: Има уште многу работа за Македонија да просперира

Почна Самитот Македонија 2025 на кој присуствуваат преку 500 гости - економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави.

Почна Самитот Македонија 2025 на кој присуствуваат преку 500 гости – економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави.

Во фокусот се забрзување на економскиот раст, дигитализација, вештачка интелигенција, иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал на Македонија со паметни инвестиции и улогата на дијаспората во националниот раст. Учесниците ќе дискутираат и за децентрализација на моќта – иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, за редефинирање стратегии, за странски директни инвестиции, како и за образование на иднината – обликување лидери, мислители и иноватори.

Самитот го отвори Виктор Мизо, претседавач на Бордот на директори кој најави ребрендирање на Македонија 2025.

-Има уште многу работа за Македонија да просперира, порача Мизо, нагласувајќи ја добрата соработка со Владата.

На првиот панел „Надвор од политиката: Економската визија и лидерското патување на премиерот Христијан Мицкоски“ ќе зборува македонскиот премиер.

Во рамки на Самитот ќе се организираат и пет лидерски средби, два настани за вмрежување и осум засебни обуки и работилници за компании, млади таленти и владини институции. На овие настани ќе присуствуваат говорниците од Самитот и членовите на Одборот на директори на Македонија2025. Активностите поврзани со Самитот ќе завршат на 15-ти мај.