Мигрант почина во Клиниката „Мајка Тереза“ – обдукцијата ќе утврди што е причината

41-годишниот мигрант, Л.Ш., почина во Клиниката за нефрологија при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по што телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта, соопшти МВР.

41-годишниот мигрант, Л.Ш., почина во Клиниката за нефрологија при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по што телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта, соопшти МВР.

Според информациите, Л.Ш. бил донесен во клиниката на 20 ноември околу полноќ за укажување на лекарска помош, а починал следното утро, на 21 ноември во 06:48 часот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а надлежните продолжуваат со истрагата.

– Се работи за трагичен случај и сите детали ќе бидат утврдени по завршување на обдукцијата – велат од МВР.

Извор: plusinfo.mk