Постигнат договор меѓу здравствените работници и Министерството. Лекарите и техничкиот медицински персонал веќе од следниот месец ќе добијат плата повисока за 2000, а медицинските сестри и лаборантите за март ќе добијат покачување од 3000 денари.
На денешниот протест на синдикатите на здравство, претставниците на сидндикатите ја кажаа позитивната вест. Нова повисока мартовска плата за здравствените работници.
Три илјади денари зголемување за медицинските сестри и лаборантите и две илјади денари зголемување за докторите и останатиот медицински персонал.
Денеска претставниците на синдикатот за здравство имаа средба со заменик министерот за здравство Маја Манолева и постигнаа договор. Предраг Серафимовски потпретседателот на Клинички центар објасни дека доколку не стигне зголемувањето наплатата за Март договореното зголемување ќе биде исплатено ретроградно.
Од самостојнииот синдикат велат дека ќе останат на нивните барања и до крај на годината платите да се зголемат за уште 15 проценти.