МЗТ Скопје со победа против бугарскиот Рилски Спортист

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа над Рилски Спортист со 82-65 во првиот од двата предвидени меча со овој противник, пренесе Дерби.

„Металците“ беа подобри од три од четирите четвртини (30-14, 21-19, 14-18, 17-14) и заслужено дојдоа до вториот триумф во овој подготвителен период.

Најефикасен беше Баковиќ со 16 поени на кои придаде 7 скока, Танасковиќ реализираше 15 поени, а двоцифрени беа Крстевски (11) и Миловановиќ (10).

Втората пресметка против бугарскиот тим е закажана за утре од 17 часот, ама истата ќе биде од затворен карактер.