Меџити: Ќе понудиме нова перспектива за Албанците

Војна против корупцијата! Ова ќе биде една од главните заложби на „Европскиот сојуз за промени“, вели претседателот на ДД – Изет Меџити во интервју за Радио Слободна Европа.
Тој додаде дека на албанскиот блок му е потребна конкуренција, која, според него, недостига во последните 20 години.

Корупцијата и подземјето се едни од главните причини кои Меџити ги наведе како причина зошто ја напуштил оваа партија.

Меџити вети дека неговата партија ќе се разликува од ДУИ, а во однос на коалицијата „Европски сојуз за промени“, според него, за прв пат, далеку од избори, опозицијата се здружила врз основа на принципи, програма и приоритети да понуди нова перспектива за Албанците.