Меџити: Ќе имаме ист број пратеници и по заминувањето на Таравари

„Деновиве сме во преговори за повеќе опции не како замени туку политички опции па ќе видиме како ќе заврши тоа па врз основа на тоа после ќе дадеме нов предлог и за здравство“, рече Меџити.

По разговорите што има имаме деновиве најверојатно во текот на идната недела ќе предложиме кандидат за министер за здравство. Ова го изјави вицепремиерот Изет Меџити кој повтори дека ресорот здравство останува во ВРЕДИ, но не сакаше да открие повеќе детали за тоа кој би можел да го наследи Таравари.

„Деновиве сме во преговори за повеќе опции не како замени туку политички опции па ќе видиме како ќе заврши тоа па врз основа на тоа после ќе дадеме нов предлог и за здравство“, рече Меџити.

За тоа дека ресорот здравство останува во ВРЕДИ потврди и Бојан Стојаноски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него одлуката на Таравари да замине од Владата е многу погрешна.

„На седницата на 20-ти значи наредната недела оставката на господинот Таравари ќе биде констатирана. До овој момент во Собранието не се поднесени оставки од другите членови на Владата. Од аспект на ресорите она кое е важно е дека тоа што е договорено од аспект на застапеност на сите политички партии би останало еквивалентно, додека за другите би кажал нема голема веројатност за менување на ресорите најверојатно ќе останат истите“, изјави Стојаноски.