
Меџити: Химната може да биде само со музика, без текс
„Ако грбот е комунистички реликт, а и химната доаѓа од комунистичкиот период, тогаш химната треба да ја приспособиме на новото време, на модерното време со европски дух. Може да биде химна само со музика и без текст, или текстот може да биде поопфатен“, изјави Меџити.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити вели дека доколку се отвори прашањето за менување на националната химна, едно од можните решенија е химната да биде само со музика, без текст. Или, пак, како што вели Меџити во гостувањето во емисијата „Дијалог во Лајм“, со текст што ќе биде поопфатен.
Вели дека темата за промена на државниот грб не била дел од договорот за владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и не е приоритетна за Владата, но оти начелно е разговарано за прашањето за грбот и химната.
„Ако грбот е комунистички реликт, а и химната доаѓа од комунистичкиот период, тогаш химната треба да ја приспособиме на новото време, на модерното време со европски дух. Може да биде химна само со музика и без текст, или текстот може да биде поопфатен“, изјави Меџити.
Ако веќе се отвораат овие теми, како што вели, тоа треба да се направи во пакет и соодветно да се измени и формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“ и да се замени со „албански јазик“.