Меџити со честитка до Курти за победата на косовските парламентарни избори

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на претседателот на косовската Самоопределување, Албин Курти за резултатите од изборите. Меџити порача дека овој резултат е добра вест што доаѓа од Косово, додавајќи дека е „задоволство да се види новата победа на Курти“.

„Добра вест доаѓа од Косово. Уште една победа за Албин Курти и движењето Самоопределување. Драг Албин, големо задоволство е да се види твојата нова победа, уште поголема од претходните избори.

Демократските избори што се одржаа потврдуваат дека Косово веќе создаде вистинска демократска традиција, каде што има фер и праведна конкуренција.

Драг Албин, честитки од Скопје за твојот резултат“, напиша Меџити на социјалните мрежи.

Според последниот пресек по пребројувањето на 99,26 проценти од гласовите на вонредните парламентарни избори, Самоопределување има 49,30 проценти и е на прво место со 429.979 гласови и 56 мандати.