Меџити: Приоритет на нашата Влада е патот кон ЕУ
Првиот заменик-претседател на Владата и лидер на Демократското движење, Изет Меџити, и честиташе на Тирана за успешните чекори кон членството во ЕУ, а ја обвини претходната Влада за лошо управување, со што Северна Македонија, според него, го загубила чекорот со Албанија.
Првиот заменик-претседател на Владата и лидер на Демократското движење, Изет Меџити, и честиташе на Тирана за успешните чекори кон членството во ЕУ, а ја обвини претходната Влада за лошо управување, со што Северна Македонија, според него, го загубила чекорот со Албанија.
-Прво, ни е мило што Албанија направи напредок. Второ, посакувам Северна Македонија наскоро да и се придружи (на Албанија) на оваа патека. Застојот на Северна Македонија во оваа насока е резултат на лошото управување во изминатите осум години од оние кои денес се дел од опозицијата, изјави Меџити во интервју за РТК, соопштија од неговата партија која е дел од Коалицијата ВРЕДИ.
Според Меџити, еден од клучните услови за Северна Македонија да стане дел од ЕУ е внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот на државата, но и реформите во судството и спроведувањето на другите препораки од меѓународната заедница, за кои, како што посочил, актуелната Влада, се труди да ги реализира.
Тој изјавил дека приоритет на оваа Влада останува патот кон Европската Унија.
Меџити, во пресрет на заедничката меѓувладина седница што ќе се одржи следниот понеделник во Косово, зборувал и за достигнувањата на коалицијата ВРЕДИ како дел од Владата.
-Говорејќи за 100-те дена од Владата, Меџити изјавил дека Владата на Северна Македонија постапува согласно програмите и ветувањата и спроведува проекти кои се генерално во корист на граѓаните, а особено на Албанците. Се води остра борба против бизнисот со казина за драстично намалување, бидејќи тие се штетни за граѓаните и за државата. Исто така, се работи на бескомпромисна борба против корупцијата што се случувала во минатото, иако последниот збор го има правосудството, рекол тој.
Меџити изјавил дека Владата донела одлука за 35 милиони евра за изградба на универзитетски кампус „Мајка Тереза“ и најавил дека во вторник ќе се донесе одлука за целосно уредување на плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска чаршија, во вредност од 20 милиони евра.
-Во овие 100 дена значителен фокус беше ставен на зајакнувањето на децентрализацијата, која е столб на Охридскиот договор. Владата ја отвори постапката со која во ова полугодие се распределуваат 100 милиони евра за општински проекти што се однесуваат на инфраструктурата и подобрување на животниот стандард. Подготвуваме уште 250 милиони евра за периодот од јануари до март. Во рок од шест месеци, вкупната сума за реализација на проектите ќе достигне половина милијарда евра, од кои 30 отсто се наменети за албанските општини и населени места, додал Меџити.
Тој оценил дека „децентрализацијата за Албанците во Македонија е двојно поважна, бидејќи идејата на Охридскиот договор била преку зајакнување на општините, Албанците да ги остварат повеќето свои права без потреба да се обраќаат директно до Владата“, стои во соопштението од партијата на Меџити.