Меџити: НАИ ќе биде распуштена
Лидерот на Вреди, Изет Меџити, кој во првиот круг од локалните избори го победи неговиот противкандидат Бујар Османи во трката за градоначалник на Чаир вечерва во гостување на ТВ 21 изјави дека Национална Алијанса за Интеграција (НАИ) ќе биде распуштена и дека ќе има структурни промени.

Меџити истакна дека во НАИ се надевале оти ќе имаат голем дел од гласачкото тело по заминувањето на Арбен Таравари од Вреди, но ја изгубиле надежта по резултатите од локалните избори.
– Да, почна, бидејќи не го очекував овој резултат во НАИ, особено со заминувањето на Таравари пред шест месеци, мислеа дека имаат 90 отсто од гласачкото тело. Исто така, овде на 21-ви елаборирав дека лидерите можат да си заминат, но членството ќе остане во ВЛЕН и тоа се докажа и овде. Тие не го очекуваа овој резултат и тоа не е чувство на загуба за нив. Сега е чувство на загуба на надеж. Значи и тие ја изгубија надежта за враќање или за нешто друго. Затоа, добар дел од гласачкото тело почна да се движи. Вистинската структура, да се приклучат кон ВЛЕН. Постојат комуникации. Мислам, очекувам НАИ да се распушти и да има нови движења, рече Меџити.
Во однос на можноста Зијади Села да влезе во Владата, Меџити изјави дека не го го негира тоа, бидејќи политичката сцена кај албанските партии сега е „измешана“.
-Не го негирам тоа. Може да биде, рече Меџити, а на прашањето дали имало некаков разговор одговори: „Комуницираме. Политичката сцена стана толку измешана, се случија многу турбуленции сè додека не се формираа два табора. И мислам дека сè уште ќе има турбуленции“.