
Меџити му честита политичко пензионирање на Ахмети
„Со сета почит, ова е моментот кога мора да поднесете оставка. Гласот на Албанците ве испрати во политичка пензија“, рече Меџити.
На Демократската унија за интеграција (ДУИ) и на нејзиниот лидер Али Ахмети, што се залагаа за легитимитет, им ја честитам победата во Пласница. Во другите општини убедливо води коалицијата ВЛЕН, изјави Изет Меџити, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВЛЕН.
На крајот од прес-конференцијата му се обрати на неговиот политички противник Али Ахмети.
„Со сета почит, ова е моментот кога мора да поднесете оставка. Гласот на Албанците ве испрати во политичка пензија“, рече Меџити.