
Меџити му вети гласови на ВЛЕН на Максим Димитриевски
Димитриевски информира дека од претставниците на ВЛЕН добил „искрена и силна поддршка“ за вториот изборен круг во Куманово.
Кандидатот за градоначалник на Куманово од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска соопшти дека остварил средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски.
Димитриевски информира дека од претставниците на ВЛЕН добил „искрена и силна поддршка“ за вториот изборен круг во Куманово.
„Оваа поддршка ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град и ни дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во реализација на проекти во интерес на сите граѓани“, напиша тој.