
Меџити: Кичево ќе добие колекторски систем и пречистителна станица
По долгогодишен застој и недомаќинско работење на минатата влада и поранешните министри за животна средина и просторно планирање, Владата на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање на денешната седница ја усвои информацијата за реализација на проектот за подобрување на управувањето со отпадни води во Кичево, соопшти првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
По долгогодишен застој и недомаќинско работење на минатата влада и поранешните министри за животна средина и просторно планирање, Владата на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање на денешната седница ја усвои информацијата за реализација на проектот за подобрување на управувањето со отпадни води во Кичево, соопшти првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
На денешната прес-конференција во Владата, Меџити рече дека проектот опфаќа изградба на колекторски систем и секундарна канализациска мрежа и поврзување на постојната пречистителна станица.
– Овој чекор го презедовме бидејќи граѓаните на Кичево го заслужуваат овој проект, а бидејќи уште на почетокот беа забележани проблеми со организацијата и капацитетот на изведувачот бевме приморани да го раскинеме договорот со изведувачите кои и покрај бројните опомени и состаноци не покажаа значителен напредок. И на 5.12.2024 година беа поминати 21 од планираните за градба 24 месеци, а реализацијата беше само 17 отсто, изјави Меџити.
Тој информира дека во наредниот период преку повеќегодишна јавна набавка Министерството за животна средина и просторно планирање ќе обезбеди буџетски средства за овој проект бидејќи, како што рече, предвидените ИПА средствата во рамки на Секторската оперативна програма за животна средина и климатски акции, програмски период 2014-2020 веќе нема да можат да се користат поради неисполнување на обврските од изведувачот.
– Сo овие средства ќе се инвестира во над 20 локации, меѓу кои е и изградба на главен канализационен колектор Зајас – Кичево, кој ќе се простира од населеното место Зајас до влезот во град Кичево и проаѓа покрај Зајаска Река, а од постојни мрежи долж колекторот Зајас – Кичево постојат секундарни мрежи кои се комплетно изградени во местата Трапчин Дол, Горно и Долно Строгомиште. Овие секундарни мрежи ќе се поврзат на колекторот Зајас – Кичево. Планирана е изградба на главен канализациски колектор Зајас – Кичево со должина околу 11 километри. Тој треба да ги прифати отпадните води од населбите Зајас, Грешница, Долно и Горно Строгомиште, Колибари, Длапкин Дол и Трапчин Дол. Отпадната вода од колекторот Зајас-Кичево оди кон станицата за третман и пречистување на отпадна водам, информира Меџити.
Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација на овој проект ќе инвестира преку повеќегодишна јавна набавка над милијарда денари (1.088.550.000) во текот на наредните четири години, од 2025 до 2028 година.
Проектот опфаќа два договора – договор за градежни работи за рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Кичево и договор за надзор над градежните работи.