Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, во ДУИ се хистерични

Одговарајќи на новинарски прашања, реакцијата на ДУИ на изјавата на косовскиот премиер Албин Курти, Меџити ја оцени како „хистерична“, спомнувајќи дека партијата на Али Ахмети така реагирала и на укинувањето на балансерот – алатката за вработување во јавната администрација по етнички клуч.

Премиерот на Република Косово не кажа ништо посебно, само кажа дека во Северна Македонија нема закон за албанскиот јазик, има Закон за јазиците. Истото и јас го тврдам – дека и до сега немало посебен закон за албанскиот јазик, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

Одговарајќи на новинарски прашања, реакцијата на ДУИ на изјавата на косовскиот премиер Албин Курти, Меџити ја оцени како „хистерична“, спомнувајќи дека партијата на Али Ахмети така реагирала и на укинувањето на балансерот – алатката за вработување во јавната администрација по етнички клуч.

– Хистерични се. За да сфатите како реагираат ДУИ на овие работи: министрите на ДУИ во минатата влада имаат дадено писмено мислење во врска со балансерот и сите, до еден, дадоа негативно мислење дека на балансерот му е поминат рокот, дека е несоодветен механизам, и истите тие, кога се укина од Уставниот суд, од судии кои беа избрани од нивното мнозинство, тие излегуваат и протестираат зошто се укинува балансерот. А самите го барале тоа. Значи, луѓето се во паника, немаат визија и никако да се соочат со новата реалност дека се во тешка опозиција, изјави Меџити.