
Потпретседателот на ДУИ и пратеник Изет Меџити, во интервју за Радио Слободна Европа на прашање кои се „другите болви“ во ДУИ, освен, како што рече, Артан Груби вели:
„Првиот е Артан Груби. Владиниот состав на ДУИ, со некој исклучок ниту излезе на терен да собира гласови во 2020, ниту имаат поминато да земат мандат од народот, исто така овој владин состав не е поминат на централно собрание во Демократската унија за интеграција, значи немаат мандат од граѓаните, немаат мандат од партијата. Ние за атар на Али Ахмети, нашиот претседател преќутевме овие две години“.
Меџити вели дека „во овие две години наместо да биде чувар на ориентационите политики на ДУИ и програмата на ДУИ, ние доаѓаме до констатација дека програмата со која сме ги добиле овие избори е заборавена, во однос на реализација потфрлува и имам чувство дека е заборавен Рамковниот договор или дека е трампан за мултикултурализам или пак за граѓанско општество, чудно е што од многу близок до поранешната влада на Груевски, сега испаѓа дека е многу близок до концептот и на оваа другата влада, а заборавам на тоа што е устав за Демократската унија за интеграција, а тоа е Рамковниот договор, тој е причината што ДУИ во овие 20 години е победник и што е сработено во овие 20 години“.
Меџити сепак смета дека Ахмети е неприкосновен лидер на партијата.
„Нема никакви дилеми околу тоа за лидерот Али Ахмети, е неприкосновен, имаше конгрес, едногласно беше гласан, значи некој кога зака да се затскрива поради Ахмети, и сака да го прикаже ова како политичка војна меѓу нас и Ахмети, во тоа не успеал и нема да успее. Тој е лидер, претседател на партијата и ние со сите овие чекори сакаме пак да го вратиме да биде претседател на сите во партијата. Тој да биде претседател на партијата, а не да фати страна. Во случајот впечатокот на членството е дека Груби функционира како клан, и Ахмети е како заштитник на тој клан. Мислам дека треба да се врати на првобитната позиција претседател на Демократската унија за интеграција, неприкосновен на сите, како што функционирал во минатото“ смета Меџити.