Меџити до Ахмети: Албанците си го добиваат својот дел, ние ги исправаме вашите грешки

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити одговори на обвинувањата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој пред неколку дена рече дека актуелната власт ги понижува Албанците и ја покани коалицијата ВЛЕН да излезе од Владата.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ги отфрли обвинувањата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој пред неколку дена рече дека актуелната власт ги понижува Албанците и ја покани коалицијата ВЛЕН да излезе од Владата.

Меџити, во интервју за „Лајм“ истакнува дека Албанците од оваа Влада си го добиваат својот дел.

-Албанците добиваат многу удел во буџетот на Република Северна Македонија. Значи, добиваат некаде околу 30 милиони евра само во оваа половина година, а тоа го добиваат и општините кои не се ВЛЕН, а се ДУИ. И да ги седнете без камери и искрено да разговарате, велат подобро ни било кога ДУИ е во опозиција отколку кога ДУИ била во Влада. Изненадени сме што немаме проекти толку колку што Владата обезбедува средства за реализација на конкретни проекти за граѓаните. Тоа е првпат една Влада да не прави разлика како во минатото, кога Чаир и Тетово не добија ниту денар од буџетот на Македонија. Не држи констатацијата на Ахмети, рече Меџити, соопштија од неговата партија Демократско движење.