
Меџити: Да се соработува со ДУИ и да се биде дел од Влада не штима
Вреди нема никакви дилеми, како што ветивме донесовме промена, плурализам и демократија во албанскиот кампус. Ние стоиме цврсто на тој пат, тука е проблемот со господинот Таравари. Ние одлучивме дека Вреди ќе биде едно и дека соработка со ДУИ не е можна. Соработка со ДУИ и дел од Владата мислам дека не штима, изјави денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Вреди нема никакви дилеми, како што ветивме донесовме промена, плурализам и демократија во албанскиот кампус. Ние стоиме цврсто на тој пат, тука е проблемот со господинот Таравари. Ние одлучивме дека Вреди ќе биде едно и дека соработка со Демократската унија за интеграција (ДУИ) не е можна. Соработка со ДУИ и дел од Владата мислам дека не штима, изјави денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по Форумот за енергетика и технологија помеѓу Чешка и Северна Македонија.
На новинарско прашање дали министерот за здравство и претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Тараври бил дел од вчерашната владина седница, Меџити рече дека не бил присутен, но бил вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците.
За тоа дали се точни информациите дека околу 1 мај ќе се случи средба Мицкоски-Таравари, Меџити рече дека тоа се технички работи и дека ставот на Коалицијата Вреди е јасен.
– Тоа се формални технички работи јас кажав за нашите политички ставови. Тие не се обврзани дали на 2 април или 1 мај. Ставот политички е дека не може и со ВЛЕН и со ДУИ, мислам нема логика и со ДУИ и дел со Владата, рече Меџити.
Прашан што доколку Таравари остане во Владата, Меџити кратко одговори „мислам дека доволно кажав“. Премиерот има легитимно право да соработува со ДУИ, вели, но, како што рече, доколку биде така тоа треба јавно да го објави и да не се срами.
За тоа до каде се процедурите во Коалицијата за формирање на еден политички субјект, рече дека донесени се одлуки за претседателство на партијата кое ќе се состои од 23 члена, каде што ќе има претставници од сите четири политички субјекти кои што се чинители внатре во Коалицијата. На прашање кој ќе биде претседател на партијата, Меџити рече „приоритет ни е да го оствариме тоа што ни е барање од граѓаните и да не се расцепка гласот“.
– Приоритет ни е да го оствариме тоа што ни е барање гласачите да не се расцепка гласот, туку да биде во еден политички субјект во Влен. Се збори за моето име, но нема одлука за тоа. Поприоритетно ни е Влен, отколку индивидуални амбиции или други концепти, рече Меџити.
Во врска со донесувањето на Законот за правична застапеност и одлуката на Уставниот суд за укинување на „балансерот“, Меџити рече дека има скоро финална верзија и се чека денот кога како Влада ќе го промовираат, по што ќе биде испратен на Венецијанска комисија за мислење, за најпосле да се врати во парламентарна процедура.
– Се соочивме со одлуката на Уставниот суд коjшто го укина балансерот и премиерот и јас и сите чинители кажавме дека ова е уставна категорија и ќе се реши со Закон за правична застапеност. Веќе има скоро финална верзија. Денот е во прашање кога ќе излеземе како Влада, да го поминеме во Влада да го промовираме да оди на Венецијанска (комисија) за мислење и потоа да се врати на парламентарна процедура. Но, во меѓувреме откако настапи проблемот со „балансерот“, сѐ додека законот ќе биде валиден и ќе имаме конечна верзија правичната застапеност важи и има политички договор да се почитува правичната застапеност и без балансер и без закон за правичната застапеност во овој период, рече Меџити.