Меџити: Груби е многу оптеретен

Потпретседателот на владејачката ДУИ, Изет Меџити синоќа на тв Алсат разговорашање за последните случувања во ДУИ, за следните чекори на „Огнената група“, средбата со првиот човек на партијата Али Ахмети, но и за соработката со Данела Арсовска.

На прашањето за Артан Груби, Меџити рече дека Груби е многу оптеретен, како партиски секретар, вицепремиер и слично, затоа, според него, стои и нивната забелешка.

„Кој и да е, не само Артан Груби, туку никој не може да биде и организациски секретар и вицепремиер, компетентен за проекти, за концерти, за медиуми, тоа е апсурдно“ – нагласи Меџити.

Во битката помеѓу „Огнената група“ и крилото на Артан Груби, спикерот Талат Џафери застана на страната на Али Ахмети.

„Јас стојам на страна на партијата. Јас и себе си сум се вложил во создавањето на тој политички субјект“ – кажа Џафери на брифингот со новинарите.