Меџити: Главната пречка за функционирањето на правната држава е ДУИ

Шефот на Демократското движење, Изет Меџити, ја коментираше средбата на холандскиот амбасадор Јан Коп со првиот човек на ДУИ Ахмети, за која вели дека ДУИ била информирана дека таа е главната пречка за функционирањето на држава.

„Со флагрантно политичко мешање во судството за разрешување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, како одмазда за непослушноста да се врати Никола Груевски во земјава како херој, таканаречениот Европски фронт на ДУИ беше информиран од ЕУ преку амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп дека ДУИ е главната пречка за функционирањето на правната држава и интеграцијата на земјата во ЕУ“, напиша Меџити на Фејсбук.