Меџити: Ги поставивме темелите на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Чаир
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека денеска бил поставен камен-темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проект кој го оцени како историски момент за образованието.

Според него, станува збор за инвестиција вредна 42 милиони евра, која претставува најголема инвестиција досега во албанското образование во Македонија и една од најзначајните во регионот.
-Овој проект претставува изградба на универзитетски кампус според најсовремени стандарди, дизајниран да ги исполни барањата на современото образование и научно-истражувачката работа – истакна Меџити.
Тој нагласи дека значењето на проектот не се однесува само на инфраструктурата, туку и на неговото пошироко општествено значење.
-Овој кампус ќе го претвори Скопје и Чаир во важен универзитетски центар за Албанците. Тоа ќе им овозможи на младите да студираат на модерен универзитет и на својот мајчин јазик, во услови што ги подготвуваат за глобалниот пазар на знаење и економија – рече Меџити.
Тој додаде дека инвестициите во образованието се инвестиции во иднината на едно општество.