Меџити: Времето е за работа, ред и развој, време е за Чаир

➡ Нашата визија е јасна. Чаир да стане модерна, функционална и европска општина, место каде секој граѓанин ќе живее достоинствено. Затоа нашата програма не е список на желби, туку конкретен и остварлив план … Ќе работиме транспарентно, одговорно и во постојана комуникација. Ова е наша заедничка битка за Чаир, како што сите го сонуваме. Ве повикувам да застанеме заедно и да покажеме дека времето на поделби и лаги заврши. Времето е за работа, ред и развој. Време е за Чаир, порача Меџити.

Време за решавање на сообраќајниот хаос и проблемите со паркирањето, за решавање на проблемот со чистотата, за нови градинки и воведување едносменска и целодневна настава во училиштата низ Чаир. Сега е време за културни фестивали, жива Чаршија, отворено културно скопско Кале. Сега е време за Чаир како студентски, образован и културен центар за Албанците, порача Изет Меџити денес на прес-конференција за претставување на својата кампања како кандидат за градоначалник на Чаир на претстојните локални избори.

Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити, нагласувајќи дека ова не е само кандидатура за градоначалник, туку како што рече, „ова е почеток на мисија за ослободување од стариот корумпиран систем на една партија која ги држеше Албанците и сите граѓани на Чаир во зависност, страв и неизвесност“.

– Нашата визија е јасна. Чаир да стане модерна, функционална и европска општина, место каде секој граѓанин ќе живее достоинствено. Затоа нашата програма не е список на желби, туку конкретен и остварлив план … Ќе работиме транспарентно, одговорно и во постојана комуникација. Ова е наша заедничка битка за Чаир, како што сите го сонуваме. Ве повикувам да застанеме заедно и да покажеме дека времето на поделби и лаги заврши. Времето е за работа, ред и развој. Време е за Чаир, порача Меџити.

Меџити објави дека се враќа во Чаир, на местото каде што припаѓа, меѓу луѓето на кои им припаѓа, во срцето на Чаир.

– Многумина може се прашуваат зошто се кандидирам за градоначалник. Одговорот е едноставен и доаѓа од срце. Затоа што мојата најголема должност не е кон функцијата, туку кон луѓето. Затоа што видов дека одлуките за нашата иднина не смеат повеќе да се носат во затворени канцеларии, далеку од реалните проблеми на граѓаните. Вистинската промена се случува тука, на нашите улици, во нашите маала, во секојдневниот живот, порача Меџити.

Во изминатата година и половина, Меџити, рече дека Чаир го вратиле високо на агендата на Владата и дека обезбедиле отпочнување на сите проекти и фондови, кои се однесуваат на Чаир и општините каде живеат Албанци во Северна Македонија.

– Обезбедивме десетици милиони евра за секоја од општините каде живееме. Чаир веќе е градилиште, тоа го гледате околу вас. Сега е време за работа, за реализација на проекти, за инвестирање на обезбедените фондови и средства, изјави Меџити.

Предвидуваме, посочи Меџити, изградба на подземен паркинг кај плоштадот Скендербег, катна гаража кај комплексот „Чаирчанка“, како и монтажни гаражи во Стопанско поле и салата Партизан. Најави и проширување на клучните артерии, како улицата „Цветан Димов“, за олеснето движење, како и воведување на модерен систем за управување со отпад и чистење на дивите депонии и повеќе зелени површини.

– Младите не се нашата иднина, тие се нашата сегашност. Затоа ќе основаме бизнис инкубатор за стартап компании и локален иновациски фонд за млади претприемачи. Ќе инвестираме во целосна реконструкција на училиштата, воведување на паметни табли и создавање модерни услови за образование, изјави Меџити.

Меџити, исто така, најави и враќање на културниот живот во Чаир, заживување на културните манифестации и инвестирање во спортската инфраструктура.