Меџити во ИЕ1, Гаши во ИЕ2, Касами во ИЕ6, АА во ИЕ5: Таравари ги објави носителите на листи

Кандидатот за претседател на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари ги откри имињата на носителите на листите за пратеници кои ќе дојдат од оваа коалиција.

Nосители на листите во областите ќе бидат сите лидери на политичките партии, Движење Беса, Алтернатива и Демократско движење.

Во ИЕ1 ќе биде Изет Меџити, во ИЕ2 Африм Гаши, додека Биљал Касами ќе ја предводи листата во ИЕ6. Во петката се спроведуваат анкети за тоа кој ќе ја води листата, но оваа единица ќе и припадне на Алијанса за Албанците, рече Таравари.