Мандатарот Христијан Мицкоски и лидерите на коалицијата „Вреди“ вечерва ја финализират владата.
Изет Меџити од коалицијата Вреди за ТВ 24 потврди дека вечерва се очекува да си подадат рака со мандатарот Христијан Мицкоски.
– И таму се при крај преговорите и коалицијата Влен и со ВМРО ќе ги затворат преговорите за формирање на влада. Принципите на новата влада се утврдени, програмите се хармонизирани и при крај сме со третиот ешалон. Анализираме кој каде ќе биде од коалицијата и очигледно е дека Касами се враќа како градоначалник на Тетово, оценивме дека Гаши е поискусен за претседател на Собрание. Таравари најверојатно ќе биде идниот министер за здравство, таму е дилемата дали ќе има предвремени локални избори, а тоа ќе биде премногу за буџетот на државата и граѓаните на Гостивар. – рече Меџити.