
Меџити: Бујар се кандидира за градоначалник не за премиер, нека одлучи каде и кога сака јавно да се соочиме
Кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека Бујар Османи се кандидира за градоначалник и не треба да го повикува на дебата премиерот Христијан Мицкоски.
Кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека Бујар Османи се кандидира за градоначалник и не треба да го повикува на дебата премиерот Христијан Мицкоски.
-Мислам дека самиот г-дин Османи знае дека лаже. И поради таа причина, го поканувам јавно да се соочиме каде сака тој, на која било телевизија и кога сака, нека избере тој, да го даде одговорот за Вулин и да го кажеме сето она што ние го знаеме за него. Јас го поканувам и за да го разјасниме прашањето за Вулин пред јавноста и сите прашања што се отворени од времето на Груевски. Колку што знам, Бујар се кандидира за градоначалник и не држи тоа дека тој треба да дебатира со Мицкоски, кој е премиер. Кога Бујар ќе се кандидира за премиер, може да повика на дебата и дуел со Мицкоски. Сега излезе за Чаир и нека одлучи каде и кога сака да ги разјасниме сите дилеми, рече Меџити по презентацијата на Проектот за субвенционирање на 200 електрични возила за таксистите.
Меџити го повтори повикот Османи да одлучи кога и каде сака пред граѓаните да дебатираат за тоа што е направено, што ќе се направи и за што ќе бараат гласови за градоначалнички мандат во Чаир.
-Во овој случај, зборуваме за локални избори, за локални теми, за локални проблеми и локални решенија. Го поканувам да излеземе и да дебатирате за овие теми пред граѓаните, да презентираме што сме направиле за Чаир во минатото, што правиме сега за Чаир и зошто бараме гласови за следните четири години за Чаир, нагласи Меџити.