Бојан Јовановски – Боки 13 е прогласен за виновен за кривични дела меѓу кои и за измама во предметот „Меѓународен сојуз“. Тој е осуден на единствена казна од 9 години.
Јасна Мандиќ Ерцеговиќ е прогласена за виновна за кривично дело измама, осудена на затворска казна од 4 години.
Екс-пратеничката од СДСМ – Фросина Ременски се ослободува од обвинението.
Таткото на Бојан, Миле Јовановски е осуден на условна казна од две години.
Христина Блажевска, помошничка на Јовановски, доби казна затвор од 1 година.
Јовановски и Мандиќ на оштетените треба да им ја надоместат штетата на „Пелистер“ од 719.000 евра и 195.000 евра на бизнисменот Адријан Амзоски.
Во 2017 и 2018 Бојан Јовановски искористувајќи ги документите во заблуда ги донел градежните магнати Силјан Мицевски и Ардијан Амзовски, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно земјиште и субвенционирање од страна на државата за старечки дом со мобилен сервис, при што тие преку македонска авторска агенција му исплатиле 719.905 евра преку „Пелистер“ и 233.821 евра преку „Дрим Билдинг.“.
Јасна Мандиќ, Христина Блажевска ги изготвувале договорите, ги подигнувале парите и му ги давале во готовина на Боки 13. Бојан веднаш ги пуштил во оптек парите, за телевизија и за лични и домашни потреби купувал разни предмети.
Миле Јовановски со умисла му помогнал на синот да пушти во оптек прави за кои знаел дека потекнуваат од измама. Кај него биле најдени и три полуавтоматски пиштоли и куршуми, кои му се одземаат со денешната одлука.