Мечка се појавила во сараевската населба Вратник. Жителите на оваа населба ја виделе како трча низ сараевските улици со што предизвикала вознемиреност кај нив.
Сараевските медиуми објавија дека на учениците им било забрането да излегуваат надвор од училиштата.
Претседателот на Ловечкото здружение Стари град, Муриз Буква, за телевизија „Н1“ изјавил дека мечката не е фатена.
Се работи на тоа. Се скри во шумата кај касарната на Змаевац. Сè е зараснато и тешко може да се лоцира, но сè е под контрола“, вели тој.