
Мециновиќ: Јас добив 30.00 гласови од скопјани и јас немам списоци како вас да знам кој гласал за мене
„Јас добив 30.00 гласови од скопјани и јас немам списоци како вас да знам кој гласал за мене. Вие имате соработка со Мерко во Струга, не – јас. Јас ја победив Шукова со 2.000 гласа во Аеродром – сигурно не гласал ДУИ за мене“, истакна кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во телевизиски дуел со Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, ја коментираше ниската излезност на гласачите во првиот круг од Локалните избори 2025, истакнувајќи дека таа произлегува од недовербата во политички промени.
-Излезноста почива на тоа што нашите граѓани не гледаат политички промени кога ќе дојде до трансфер на власт. Малата излезност е генерално продукт на тоа што нашите граѓани сметаат дека не можат да делуваат со своето гласачко право кое го имаат – не можат да ја сменат судбината, рече Мециновиќ.
Тој додаде дека народот не е деполитизиран, туку индиферентен, бидејќи не верува дека може да се дојде до вистинска промена. Според него, вториот круг од изборите отвора нова политичка реалност во Македонија.
-Сега имаме други околности, втор круг каде што има натпревар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и сметам дека со самото тоа што ги живееме првите денови од оваа нова политичка реалност во Македонија, многу граѓани ќе се охрабрат и допрва ќе излезат во вториот круг, изјави тој.
„Јас добив 30.00 гласови од скопјани и јас немам списоци како вас да знам кој гласал за мене. Вие имате соработка со Мерко во Струга, не – јас. Јас ја победив Шукова со 2.000 гласа во Аеродром – сигурно не гласал ДУИ за мене“, истакна кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ.
„Јас го легитимирав мојот пратенички мандат. Кога ќе поднесат 30 пратеници од вашата пратеничка група оставка кои збор немаат земено, тогаш и јас ќе поднесам оставка, иако сум најактивен пратеник во Собранието“, потенцираше кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ.