Мециновиќ: Скопјани се охрабрени и во поголем број ќе излезат во вториот круг

„Денеска мојот против кандидат зборува за тоа од каде ми доаѓале гласовите, од каде ќе ми дојдат гласовите, и почнува да зборува за некоја теорија на заговор“, вели кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје – Амар Мециновиќ

„Денеска мојот против кандидат зборува за тоа од каде ми доаѓале гласовите, од каде ќе ми дојдат гласовите, и почнува да зборува за некоја теорија на заговор“, вели кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје – Амар Мециновиќ, во изјава за медиумите.

Тој напомена дека „владиниот кандидат се сретна со ВРЕДИ, ја доби нивната поддршка. Јас се среќавам со скопјани“.

„И ќе продолжиме да се среќаваме со скопјани. Затоа што скопјани се охрабрени, и во се поголем број ќе излезат во вториот круг. Овој контингент кој го создадовме само ќе расте“ рече Мециновиќ.