Мециновиќ: Сега кога дојдовме до вториот круг, изборот е јасен – Скопје се разбуди

„Надежта ќе ја претвориме во реалност во овој круг – со храброст, достоинство и неизмерна љубов кон сопствениот град. Скопје се разбуди. Сега сопствените соништа ќе ги види на јаве“ пишува Мециновиќ на ФБ.

„Скопјани мои најмили, ви благодарам од сѐ срце, за сите кои го дадоа својот глас, сите волонтери и активисти, сите кои агитираа, споделуваа и крајно веруваа дека Скопје заслужува повеќе. Она кое го изградивме во изминатите недели е показател дека искреноста и креативноста и понатаму допираат до луѓето“ напиша кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ.

Тој вели „почнавме со замисла дека политиката може повторно да делува човечки. Сега кога веќе дојдовме до вториот круг, изборот е јасен: стариот систем кој го истроши градот и новиот кој заедно го градиме, кој ќе го стави колективниот интерес пред партискиот. Ова движење никогаш не се однесуваше на мене како кандидат, туку на сите скопјани кои одбраа да се надеваат наместо да се предадат“.