Метју Пери потрошил 9 милиони долари за да ја победи зависноста од лекови, од дрога и од алкохол

Актерот Метју Пери кој утрово беше пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес, наводно починал од срцев удар. Целиот свет е шокиран од оваа вест, а околностите околу смртта на саканиот Чендлер од серијата „Пријатели“ се уште не се јасни.

Имаше само 54 години, а со толку необична животна приказна. Во текот на својата повеќедецениска кариера го поврзуваа само со четири жени, а по страшната несреќа стана „зависен“ од лекови, па од дрога и алкохол.

Во 1997 година, Метју Пери имаше несреќа додека се возел на џет ски и стана зависен од лекот – Викодин. Истата година мораше да оди на 28-дневна програма за рехабилитација, но потоа започна зависноста и здравствените проблеми.

Освен лекови против болки, Метју земал метадон, амфетамини и пиел алкохол, поради што во еден момент тежел само 66 килограми поради проблеми со панкреасот. Повторно беше на лекување во 2001 година, а во едно интервју изјави дека не се ни сеќава дека снимал три сезони на „Пријатели“, бидејќи бил во канџите на зависноста.

Седум години подоцна, Метју Пери помина пет месеци во болница и едвај преживеа. Како што тогаш пишуваа американските медиуми, дебелото црево му „пукнало“ поради употреба на опиоиди и тој бил во кома две недели. Морал да носи торба за колостома девет месеци, а лекарите му рекле на семејството дека има само два отсто шанси да преживее.

Според некои извори, во текот на животот Метју направил околу 6.000 посети на анонимни алкохоличари, тој исто така бил на рехабилитација 15 пати и дури имал 12 операции за да си го спаси животот.

Едно време рече дека потрошил околу девет милиони долари за одвикнување од зависноти. Тој отвори свој центар за лекување во 2013 година.

„Веројатно потрошив девет милиони американски долари обидувајќи се да се отрезнам“, рече еднаш актерот.

Во својата книга „Friends, Lovers, and the Big Terrible Thing“, Метју проговори за неговата борба со зависноста што започнала уште кога бил тинејџер. Неговото злоупотребување на супстанции започнало откако го повредил вратот за време на снимањето на „Fools Rush In“. Тогаш докторот на сетот му дал Викодин за да му ја олесни болката.

„Кога пилулата почна да делува, нешто кликна во мене. А тоа беше клик што го бркав цел живот”, изјави Пери.