Денеска Уставниот суд на Албанија на трета седница ќе одлучува по решението на тамошниот парламент, за разрешување на албанскиот претседател Илир Мета.
Тој во телевизиско интервју вели дека „чувствува нулта загриженост доколку Уставниот суд го разреши“.
Мета смета дека разрешувањето од Собранието не се случило поради кршење на Уставот, туку затоа што тој го бранел суверенитетот на Албанија против непријателите.
„Има три години истраги, со фарса процеси, кои се поткрепени со членот кој веќе не постои во Уставот на Албанија: „агитациска пропаганда“. Ова е нивно прашање. Тоа воопшто не ми пречи како Илир Мета. Но, што се однесува до мојата одговорност како Претседател на Републиката, ова е важно затоа што се подразбира дека се е направено во функција на целосно заробување на државата и на институциите, кои ова мнозинство не можеше да ги контролира до сега“ – изјавил Мета.
На прашањето дали чувствува страв од евентуално разрешување, тој одговорил:
„Тоа затоа што сметам дека нема граѓанин на Република Албанија, кому не му е јасно дека се работи за процес, или дека сите процеси што ги иницира Собранието се засновани на членот „агитација-пропаганда“,член , што повеќе не постои во нашиот Устав. На претседателот му се суди за неговите дела. Уставот е многу јасен кога претседателот може да биде разрешен а тоа е поради сериозно кршење на Уставот! Значи ниту за полесни прекршоци ниту за други прекршоци! За тешки прекршувања! Знаете ли што е тешко кршење на Уставот? Тоа е кога претседателот го нарушува интегритетот на државата, да открие државна тајна која е во функција на интересите на непријателите на Албанија. Доколку го загрози националниот интерес, да речеме за границите на државата Косово или други интереси на Албанците“ нагласува Мета.